Рамноземјашите да одморат, на ред се крофнашите

January 15, 2023
1 min read

Во најголем дел од историјата на своето постоење, човекот верувал дека Земјата е рамна, бидејќи е очигледно (со тоа што очигледноста не секогаш е добар сојузник на вистината). 

Потоа науката суверено го разјасни тоа прашање, меѓутоа, секогаш ќе постојат луѓе кои нема да дозволат да робуваат на окови од типот 2+2=4.

На интернет сврталиште на рамноземјаши наречено Flat Earth Society, уште во 2008 година се појави идеја дека Земјата не е геоидна (неправилно тркалезна) туку тороидна (во форма на крофна, или гума за пливање).

Иако започна како шала, таа идеја со текот на време добиваше сè поголем број приврзаници, без разлика што „теоријата“ зад неа е доста лефтерна. Пионерски член на оваа групација е извесен Варауг кој ги „објаснува“ работите и најчесто одговара на незгодни прашања.

На пример, зошто досега ја немаме видено онаа дупка од средината на крофната? Затоа што и светлината се закривува и ја следи облината на тороидот (крофната) што ја прави дупката невидлива.

За среќа на неупатените, некои делови од оваа теорија Варауг ги прави лесно разбирливи. На пример, дека гравитацијата постои исто како во официјалната теорија за геоидна планета а за полесно да го визуелизираме тоа, треба да замислиме дека крофната е полна со џем, па „гравитацијата влече накај џемот“.

 Не е јасно што чекаат локалните астро-револуционери па уште не ја пуштаат во оптек идејата за Земјата како симит погача.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фото: Скопјани оваа година дишат многу поопасен воздух во однос на истиот период лани

Следно

Видео од безбедносна камера покажува дека пожарот бил подметнат во дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило?!

Latest from Blog

Заврши четвртиот Фестивал на инклузија

Низ 50 настани на 5 локации и во 5 тематски денови четвртото издание на Инфјужн докажа дека е возможно да се создаде широка, општествена платформа за култура, уметност, едукација и забава. Предпремиерата

ВО ЧИФТЕ АМАМ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА НА ОТКУПЕНИ И ПОДАРЕНИ ДЕЛА НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ОД ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

„Аквизиции и донации (2014 – 2024)“ е насловена групната изложба која ќе се отвори утре (19 јуни) во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Изложбата содржи

В.Д Градоначалникот на Кочани обвини за нелегални објекти, АХВ му врати – не сме надлежни

Во пишано известување Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја известува јавноста дека нема надлежност да постапува за прашањата што беа наведени во прес-конференцијата на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, а

Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени
Go toTop