Видео од безбедносна камера покажува дека пожарот бил подметнат во дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило?!

January 15, 2023
1 min read

ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека синоќа околу 1 часот по полноќ избувнал пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии.

По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието.

Веднаш на лице место излегла увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител.

ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата, велат од претпријатието.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рамноземјашите да одморат, на ред се крофнашите

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Патнички авион се урна во Непал, најмалку 40 загинати

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop