Рама бара итно објаснување за изјавата на Гутереш каде Косово не се споменува како држава

March 22, 2023
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој договорот меѓу Косово и Србија го нарекува договор меѓу „Белград и Приштина“, јавија албанските медиуми.

Тие додаваат дека на официјалната веб-страница на Обединетите нации е објавена изјавата на Гутереш со која се поздравува договорот во Охрид, но во ниту еден случај не се споменува Косово како држава.

Рама прашува „дали се работи за грешка или лапсус и бара итно објаснување“.

– „Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или лапсус. Официјално име е „Договор за нормализација на односите Косово-Србија“ и би било неприфатливо доколку генералниот секретар намерно не го употреби точното име. Ве молам дадете веднаш објаснување“, пишува Рама.

На 18 март во Охрид, по повеќе од 12 часа преговори меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше постигнат договор за Анексот за спроведување на Европскиот план за дијалог, но без потпис на странките. Сепак, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека договорот и анексот за негова имплементација се сметаат за одобрени.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сеул: Северна Кореја лансираше крстосувачки ракети

Следно

94 ДЕЛА ОД ЗБИРКАТА НА МСУ СКОПЈЕ ОД АПРИЛ ДО ЈАНУАРИ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО КУНТСХАЛЕ ВО ВИЕНА

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop