Радишани доби нови паркинг места на прв влез

1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека Радишани доби нови паркинг места со кои се решава проблемот на жителите.

– На барање на жителите на прв влез во населба Радишани решивме голем проблем и обезбедивме нови паркинг места со што ќе се надмине проблемот со паркирањето. Изградена е и нова пешачка патека со павер елементи која ќе ги поврзува првиот и вториот влез и со која се обезбедува полесен пристап до детската градинка, информира Костовски.

Костовски најави дека наскоро и на улица Алпи ќе се започне со изградба на нов паркинг и нови паркинг места.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Џо Бајден: „Путин мислеше дека Украина е слаба, но е поразен“

Следно

Италијанската премиерка Џорџа Мелони од Полска замина за Киев

Latest from Blog