Италијанската премиерка Џорџа Мелони од Полска замина за Киев

1 min read

Италијанската премиерка Џорџа Мелони е на пат за Киев, каде што треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија денеска италијанските медиуми.

Претседателката на италијанската влада замина со воз од Полска за Киев, каде ја очекуваат претпладне, објави телевизијата Скај ТГ24.

Мелони синоќа телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, кој штотуку се врати во Полска по ненадејната посета на Киев, соопшти италијанската влада.

„Двајцата лидери разговараа за тековната блиска соработка за поддршка на Украина, вклучително и помош во безбедносни, економски и хуманитарни прашања“, соопшти италијанската влада.

Вчера во Полска, Мелони вети дека ќе ја посети Украина пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

„Обезбедивме финансиска, воена, хуманитарна и цивилна помош. Се разбира, Украина може да смета на Италија бидејќи, како што покажавме од почетокот,.. бевме таму и ќе продолжиме да бидеме таму“, рече таа синоќа во обраќање до новинарите во Варшава.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Радишани доби нови паркинг места на прв влез

Следно

МР: 197 санкции за брзо возење

Latest from Blog