Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната бугарска влада

February 3, 2023
1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Радев вчера донесе указ за назначување преодна влада од 3 февруари со премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура – Најден Тодоров ја презема функцијата од професор Велислав Минеков.

Престануваат овластувањата на преодната влада, назначени со декрет од 1 август 2022 година.

Со друг указ Радев го распушти 48-то бугарско Народно собрание. Тој ги закажа парламентарните избори за 2 април 2023 година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД: Полицајци застрелале момче што ја чистело куќата на починатата баба, мислеле дека е крадец

Следно

Еве колку чини замена на табличките со ознаката НМК, предвидени се и казни

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop