Путин нареди 36-часовен прекин на огнот во Украина за време на Бадник и Божиќ

January 5, 2023
1 min read

Тој повика и украинската страна да прогласи прекин на огнот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска наредни 36-часовен прекин на огнот во Украина поради прославувањето на православниот Божиќ што е првото поголемо примирје по повеќе од 10 месеци војна која ја започна тој и во која загинаа илјадници луѓе и се опустошија повеќе делови на украинска територија.

Како што соопшти Кремљ, Путин наредил прекинот да огнот да започне на 6 јануари (утре) кога голем дел православни верници, меѓу кои и Русите и Украинците, го одбележуваат Бадник, а потоа (7 јануари) и Божиќ.

Ваквата објава следува откако претходно московскиот патријарх Кирил ги повика двете страни на божиќно примирје.

„Имајќи го предвид апелот на неговата светост, патријархот Кирил, упатувам на министерот за одбрана на Руската Федерација да воведе прекин на огнот од 12 часот на 6 јануари 2023 до 24 часот на 7 јануари 2023“,

наведува Путин во наредбата.

Тој ја повика и украинската страна да прогласи прекин на огнот за да може верниците да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Момче украло возило на мензата на Клинички и направило сообраќајка

Следно

Утре во 11 часот празничен концерт на плоштадот „Македонија“, по што Бадниковите поворки ќе се упатат кон Соборниот храм

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop