Пукање во Љубљана: Двајца загинати, полицијата трага по убиецот

June 5, 2023
1 min read

Според информациите од полицијата, напаѓачот сè уште е во бегство и се работи на негово пронаоѓање

ФОТО: 24ur.com

Денеска околу 15 часот љубљанската полиција добила информација за пукање во областа Фужине. Во пукотницата се убиени две лица, соопшти полициската управа во Љубљана.

Полицијата го има обезбедено местото на настанот и работи на прибирање информации за инцидентот.

„Бараме да ги следите упатствата на полициските службеници на лице место и да не ја попречувате работата на службите за интервенција“,

информираат од СВР Љубљана.

Според информациите од полицијата, напаѓачот сè уште е во бегство и се работи на негово пронаоѓање.

Полицијата првично извести дека се повредени две лица, но подоцна соопшти дека починале поради тешки повреди.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ бара онлајн платформите да означуваат дали содржината е генерирана од вештачка интелигенција

Следно

Бугарските пратениците утре ќе гласаат за влада на Денков и Габриел, мнозинството граѓани ја поддржуваат

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop