Птичји рај во градот Игдир, на крајниот исток на Туркије

1 min read

ИГДИР (АА) – Националниот парк Агри, во подножјето на истоимената планина на крајниот исток на Туркије, е дом на 330 видови птици, што е повеќе од две третини од вкупниот број на видови птици во цела Туркије, јавува Анадолу.

Игдир, поради својата географска положба и климатските услови, привлекува сѐ поголем број туристи од целиот свет.

Она што е специфично за овој град е и фактот што на тоа подраје има 330 видови птици, од вкупно 486 видови кои се регистрирани во цела Туркије. Тоа Игдир го прави најголемиот турски, но исто така и значаен светски орнитолошки центар.

Во Националниот парк Агри Даги, кој се наоѓа во подножјето на планината Агри, живеат голем број ретки видови птици, кои привлекуваат орнитолози и фотографи од Туркије и други делови од светот. Ова подрачје се нарекува и птичји рај, а Игдир е еден од најважните светски центри од областа на оваа гранка на зоологијата.

Исто така, врз основа на орнитолошките истражувања е утврдено дека Игдир е истовремено и рута низ која минуваат птиците преселници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

НАОМИ КЕМБЕЛ ЈА ОТКРИ ВИСТИНАТА ПО 3 ГОДИНИ: Стана мајка на 50 години, а сега призна дали децата се посвоени

Следно

Парламентарни избори во ЕУ земјите

Latest from Blog