ПСЖ до крајот на сезоната без повредениот Кимпембе

1 min read

Централниот дефанзивец на францускиот првак ПСЖ, Преснел Кимпембе, ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната, бидејќи ќе мора да се оперира откако на вчерашниот првенствен натпревар против Олимпик Марсеј ја повреди Ахиловата тетива.

Кимпембе поради повреда на тетивата го пропушти Светското првенство во Катар и се врати на теренот пред само две недели.

„(Кимпембе) ќе биде опериран во следните денови. Неговата сезона е завршена“, соопшти ПСЖ.

Бранителот на француската титула во неделата го совлада Марсеј (3-0) и ја зголеми предноста на врвот на табелата на осум бодови пред дуелот од 26. коло против Нант, идната сабота.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Стотици килограми кокаин пронајдени на плажа во Франција

Следно

Борел по средбата со Вучиќ и Курти: Постигнат е напредок, потребна е дополнителна работа

Latest from Blog