Продолжува руската опсада на Бахмут, украинските власти не соопштуваат детали за ситуацијата во градот

March 5, 2023
1 min read

Руската армија продолжува со нападите во градот Бахмут, кој стана епицентар на војната во источниот дел на Украина, соопшти украинската војска. Според соопштението, украинската армија во последните 24 часа успешно спречила повеќе од 130 напади од руска страна на повеќе локации, а најмногу во Купјанск, Бахмут и Авдијевка. Генералштабот, соопшти дека украинската војска убила 930 руски војници во изминатите 24 часа, но бројот на жртви не може независно да се потврди.

„Непријателот продолжува со обидите да го опколи Бахмут“,

стои во соопштението на украинската армија.

Според информациите, нападнати се села на северот и западот на Бахмут, изјави вчера портпаролот на украинските воени сили за источниот дел Серхиј Черевати. Претходно, тој кажа дека ситуацијата во градот е тешка но под целосна контрола.

Од друга страна пак, руските медиуми јавуваат дека четириесет отсто од Бахмут е веќе под контрола на руската пешадија. Припадниците на групата Вагнер ги турнаа украинските сили во центарот на градот, додека руските сили ги контролираат источните, северните и јужните делови на Бахмут, пренесува Спутник. Украинските сили се во активна оперативна средина, а речиси сите линии за снабдување се под оган од руската артилерија.

Вчера, заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександар Марченко, за Би-би-си изјави дека Русија сè уште нема воспоставено контрола врз градот и дека руските и украинските сили сега се борат на улиците во градот. Во Бахмут има уште 4 000 цивили кои живеат комплетно отсечени во бункери, без пристап до гас, струја или вода. Според заменик-градоначалникот, нема зграда во градот која не била погодена во војната и вели дека градот е речиси целосно уништен.

„Се водат битки во близина на градот, но и на улиците. Русија нема цел да го зачува градот, туку сака да направи геноцид врз украинскиот народ“,

кажа Марченко.

Тој додаде и дека во градот нема комуникација бидејќи е отсечен, мостовите се уништени, а тактиката која Русија ја користи е нехумана.

„Не треба да им дадеме ниту метар од нашата земја на непријателите. Треба да ги браниме нашата земја и нашите луѓе“,

вели Марченко.

Инаку, битките за Бахмут траат неколку месеци, а доколку градот падне, тоа ќе биде првиот поголем успех за Русија во последните месеци откако пред речиси два месеци под руска окупација падна градот Соледар. Падот на Бахмут се предвидуваше одамна, а од Би-би-си велат дека секоја информација која доаѓа оттаму треба да се земе со доза на резерва. Претходно и украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека ситуацијата во градот станува сè потешка иако украинската армија тврдеше дека успешно ги одбива нападите на руската армија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полицијата не успеа да го уапси поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан

Следно

Кадиевска Војновиќ за „Пари“: Енергетската криза во Македонија во 2022 година низ бројки

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop