Признание: Освен Филипче и два-тројца, потпретседателката Фани Сорос не знае никого во СДСМ

December 3, 2024
1 min read

Фани Каранфилова-Пановска во интервју за ТВ21 изјави дека не познава ниту еден од новоизбраните членови на раководството на партијата. На прашањето дали има луѓе на високите позиции во партијата кои се поврзани со поранешниот претседател Зоран Заев, таа вели:

 

„Искрено да ви кажам, освен еден-двајца, претседателот Филипче и потпретседателката Чупеска, која ја знам од „претходниот живот“, условно речено, ниту еден од новото раководство и од Извршниот одбор не познавам и апсолутно не можам да коментирам и да кажам дали некој од тие луѓе и какви релации имаат со било кој од претходните претседатели на СДСМ“, рече Каранфилова-Пановска.

 

Таа рече и дека ќе се стреми партијата да се „возобнови“ и да биде граѓанска опција.

„Мојата главна амбиција зошто се нафаќам на оваа работа, е затоа што сметам дека СДСМ треба да се возобнови и да прерасне во една вистински граѓанска опција. Знаењето и искуството, вклучително и мрежите што ги носам и дома и надвор од границите на државата, мислам дека може да бидат една голема предност во оваа ситуација. Мислам дека може да дадат еден нов квалитет на начинот на кој се размислува и се работи во СДСМ, и мислам дека со мојот избор можеби дури граѓанското општество, граѓанските организации, граѓаните генерално, ќе почувствуваат дека во партијата имаат некаков поголем сојузник“, рече Каранфилова-Пановска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Каранфилова-Пановска: Тенденции за воведување на нов режим во Македонија

Следно

Каранфилова-Пановска: Секогаш е полесно да коментирате од страна, решив да преземам одговорност

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop