Принцот Хари: Тврдењата дека сум се пофалил со убиството на 25 талибанци се опасна лага

January 11, 2023
1 min read

Принцот Хари (38) во своите мемоари првпат зборуваше за бројот на бунтовници што лично ги убил за време на престојот во Авганистан, каде што беше во 2007 и 2008 година, како и во 2012 година. Принцот рече дека учествувал во шест мисии во кои биле убиени повеќе луѓе

Британскиот принц Хари изјави дека тврдењата дека се фалел дека убил 25 талибанскиот борци додека бил на должност во Авганистан во новообјавените мемоари се опасна лага, јавува Би-би-си.

Војводата од Сасекс, кој во војската беше познат како капетан Велс, напиша дека за убиените не размислува „како за луѓе, туку како за шаховски фигури кои ги отстранил од таблата, како лоши момци кои мора да се елиминираат“.

„Тоа не е статистика што ме прави горд, но ниту се срамам“,

изјави принцот Хари.

Сепак, Хари во изјава за американска телевизија ги обвини новинарите дека неговите зборови ги извадиле од контекст, наведувајќи дека спинувањето го загрозило неговото семејство.

Многу експерти се согласуваат дека има причини да се грижат за безбедноста на Хари по објавувањето на информациите за убиствата што ги извршил во Авганистан и сметаат дека поради тоа, но и поради неговото кралско потекло, тој лесно може да биде мета на терористите.

Принцот Хари истакна дека сака да го намали бројот на самоубиства на ветераните, да биде искрен за сопственото искуство во Авганистан и да им даде простор на ветераните да ги споделат своите искуства „без никаков срам“.

Принцот Хари (38) во своите мемоари првпат зборуваше за бројот на бунтовници кои лично ги убил за време на престојот во Авганистан, каде што беше во 2007 и 2008 година, како и во 2012 година. Принцот рече дека учествувал во шест мисии во кои биле убиени повеќе луѓе.

Принцот беше критикуван од некои поранешни британски воени функционери за убиствата спомнати во мемоарите, велејќи дека не е во ред талибанците да се нарекуваат „нечовечки суштества“ и „шаховски фигури“.

Критики пристигнаа и од талибанската влада.

„Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа додека окупаторските сили убиваат невини луѓе без никаква одговорност“,

изјави портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Мемоарите на Хари беа објавени на 10 јануари и уште првиот ден беа купени околу 400 000 примероци, иако многу извадоци беа обелоденети во печатот пред официјалното објавување.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДАРАВЕЛСКИ ОСТАНУВА ВО ЗАТВОР – од судот велат дека казната за криминалот кој го сторил не застарела

Следно

САД: Приземјени сите авиони – дефект на компутерскиот систем за следење летови

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop