При превртување на тајвански рибарски брод во Јапонија загина едно лица, шестмина исчезнати

March 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во тек е истрага за да се лоцираат шест лица кои исчезнаа откако тајвански рибарски брод потона во близина на Јапонија вчера напладне, пренесува Анадолу.

Официјални лица од Јапонија и Тајван соопштија дека на јапонскиот брод „Хсин Чанг Фа“ имало 7 лица, од кои еден Тајванец и шест Индонезијци.

Едно тело е извлечено ова утро, објави „Фокус Тајван“.

Несреќата се случи северно од јапонскиот остров Ишигаки во префектурата Окинава на југот од земјата, во близина на спорните острови Сенкаку во Источнокинеското море.

Хеликоптер на Јапонската крајбрежна стража вчера напладне воочил брод како „наопаку лебди на 150 километри северно од јапонскиот остров Ишигаки“.

Тимови од Крајбрежната стража на Тајван и Јапонија ги бараат исчезнатите членови на екипажот на рибарскиот брод кој на 27 февруари исплови од рибарското пристаниште „Бадоузи“ во Килунг, во северниот дел на Тајван.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изречени казни за 407 возачи во Скопје, дури 228 за брзо возење

Следно

Ќе се спасат ли аеродромци од бездомните кучиња?

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop