ПРЕТСТАВАТА „12“ НА МНТ ВО РЕЖИЈА НА ЕВТИМОВ ПОБЕДИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕП

June 13, 2025
1 min read

Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) ги доби наградите за најдобра претстава, специјалната награда за колективна актерска игра и наградата „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога за Оливер Митковски на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ , кој завршува вечерва во Прилеп.

За наградите одлучи жирито во состав: Лилиа Абаџиева, театарска режисерка од Бугарија (претседателка), Нела Оташевиќ, продуцентка од Црногорско народно позориште и Иван Меденица, театролог и професор од Белград.

Наградата за режија се доделува на Ќендрим Ријани за режијата на претставата „Слепци“ во изведба на Турски театар – Скопје, наградата за современа сценска драматизација и адаптација ја доби  на Јелена Цветановска за драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во претставата „Црно семе“ во изведба на  Народен театар Битола, а наградата за современ драмски текст ја доби Ана Ристоска Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на Драмски театар  Скопје.

Наградата за главна женска улога се доделува на Марија Минчева-Андонов за улогата на „Мајката“ во претставата „Сите прекрасни нешта“ во изведба на Театарот од Центарот за култура „Ацо Шопов“  во Штип, а наградата за главна машка улога ја доби Мартин Мирчевски за улогата на Доне Совичанов во претставата „Црно семе“.

Атанас Атанасовски заулогата на Оскар Медисон во „Пар распар“ во изведба на Театар Комедија ја доби наградата за млад актер „Трајко Чоревски“, а наградата за млада актерка се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата во претставата „Слепци“. Наградата за женска епизодна улога ја доби Маја Љутков за улогата на Гвендолин Пиџн“во претставата „Пар распар“.

Наградата за рекламен материјал ја добива Медина Хоџа за рекламниот материјал од претставата „Слепци“, наградата за кореографија и сценски движења ја доби Васил Зафирчев за кореографија и сценски движења во претставата „Рацин“ во изведба на „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“  од Велес.
Наградата за музика „Филип Стевановски“ ја доби Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“, а наградена е и сценографијата за таа претстава, дело на Валентин Светозарев.

Награда за костимографија доби Самка Фери за костимите во претставата „Ричард Трети“ во изведба на  Албански театар од Скопје.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кога Германија крева глава, Македонија внимателно слуша

Следно

Историска промоција: „Македонска поетика и стилистика“ – првата монографија за поетиката и стилистиката во јужнословенските земји

Latest from Blog

Ватикан го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан како „знак на надеж“

ЛОНДОН (АА) – Папата Лав денес го поздрави напредокот кон мир меѓу Азербејџан и Ерменија по потпишувањето на трилатерален мировен план со САД, известува Анадолу. На неделната молитва, папата Лав го поздрави

Пожар кај Долно Дупени – спасени куќите, огнот се шири кон непристапен терен

Попладнево изби пожар кај ресенското с. Д. Дупени, во близина на Преспанско езеро. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаа да ги спасат викендиците и куќите од

Началникот на полицијата во Демир Хисар ќе биде разрешен заради непрофесионалност во случајот Лозановска

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и

Нето добивката на банките во Србија во првата половина од годината изнесуваше 775 милиони евра

Комерцијалните банки во Србија оствариле профит од 90,7 милијарди динари, или 775 милиони евра, во првата половина од 2025 година, објави „Данас“. Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето

Античкиот град Сиде – неизбежна станица за љубителите на археологијата и културниот туризам

СКОПЈЕ (АА) – Античкиот град Сиде, лоциран на јужниот брег на Турција, продолжува да биде едно од највпечатливите археолошки и туристички одредишта на Медитеранот, јавува Анадолу. Со постојаните инвестиции во заштита и
Go toTop