Претседателски избори во Венецуела

1 min read

Во Венецуела денеска се одржуваат претседателски избори на кои гласачите ќе одлучат дали актуелниот шеф на државата Николас Мадуро ќе добие трет последователен мандат.

Мадуро на изборите го предизвикува поранешниот дипломат Едмундо Гонзалес Урутија, кој ја претставува опозицијата, и уште осум други кандидати.

Право на глас во Венецуела имаат повеќе од 21 милион граѓани, меѓутоа, поради егзодусот на повеќе од 7,7 милиони луѓе поради долгорочната економска криза, бројот на потенцијалните гласачи е околу 17 милиони.

Гласањето не е задолжително и се врши по електронски пат. 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Десет загинати, 37 повредени во ракетен напад на Голанската висорамнина, соопштија израелските власти

Следно

Израел ги бомбардираше јужните либански градови по нападот на Голанската висорамнина

Latest from Blog