ПОЧИНА ПИСАТЕЛКАТА ЗА ДЕЦА БИСТРИЦА МИРКУЛОВСКА

September 20, 2024
1 min read

На 17 септември почина истакнатата писателка Бистрица Миркуловска, која со 94 години беше најстариот член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), соопшти писателската асоцијација.

Миркуловска е родена на 14 март 1930 во Скопје, беше поетеса, македонистка, раскажувачка, детска писателка и преведувачка. Завршила Филозофски факултет во Скопје и постдипломски студии од областа на македонистиката. Работела како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Била лекторка по македонски јазик и книжевност на Масариковиот универзитет во Брно, Чешка.

Авторка е на книгите: „Цвеќенца“ (поезија за деца, 1960), „Градинче“ (раскази за деца, 1962), „Првачиња“ (поезија за деца, 1972), „Празнични виделини“ (поезија за деца, 1979), „Виножито“ (раскази, 1979), „Сите деца мили“ (поезија за деца, 1982), „Ѕвездена“ (бајки, 1986), „Виделина“ (бајка, 1989), „Клучарчиња“ (роман за деца и млади, 1992), „Прекршен лет“ (поезија, 1996), „Кога цутеа костени“ (поезија, Брно, 1997).

„Бистрица своите први обиди на македонски јазик, кој не ѝ беше мајчин, ги направи уште во првите македонски списанија за деца, започна да пишува уште во она време кога не беше примерно да се биде поетеса, а го издржа тој пат пред сите предизвици на поетското писмо. Да се биде писател за деца од ковот на Бистрица Миркуловска значеше да се има педагошки пристап кон детето од сите овие различни времиња што го одбележаа нашето совремие, особено од 1960-тите, од кога ѝ се првите книги за деца, преку оние турбулентни транзициски години, што меѓу првите ги внесе во литературата за деца. Зад Бистрица Миркуловска останува богат книжевен опус, грижливо создаван над шест децении“, вели ДПМ.

Добитник е на Потокарова повелба на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија за преводи од словенечки на македонски јазик. За една од последните нејзини стихозбирки „Фатаморгана“, ДПМ во 2017 ѝ ја додели наградата „Даница Ручигај“.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Судот не го прифати барањето на мајката на Вања – јавноста останува вклучена во судењето

Следно

Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта

Latest from Blog

Пет клуба од Македонија пријавија учество во ЦЕВ Европските купови

Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските клупски купови. Двата најдобри колективи во машка конкуренција,

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и
Go toTop