Претседателот на ССМ обвинува дека МИА цензурирала пренос од седница на Економско-социјалниот совет

July 30, 2025
1 min read

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на социјалните мрежи упати сериозни обвинувања кон Медиумската информативна агенција (МИА) дека извршила цензура врз изјавите на синдикалните претставници дадени по седницата на Економско-социјалниот совет.

Трендафилов информира дека МИА во живо го пренесувала настанот, но преносот ненадејно бил прекинат, а видеото од преносот било избришано од официјалниот профил на агенцијата и сега не е достапно за јавноста. „Кој му нареди на раководството на МИА да цензурира, а патем заборави дека интернетот не работи по диктат!“, порача тој.

Во прилог на објавата, претседателот на ССМ сподели дел од избришаното видео и најави дека целосната изјава ќе биде објавена подоцна.

Овој случај отвори дискусии за транспарентноста и слободата на медиумите, а од МИА сè уште нема официјален став по обвинувањата.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разговор со Борче Пауновски

Следно

6 активни пожари во Македонија

Latest from Blog

Николоски: Постои јасна линија меѓу претходната и оваа влaда – претходно имаше само назадување, застој и пустош, сега зборуваме за реални и реализирани проекти

После години години во Македонија, сега зборуваме за реални проекти, за реализирани проекти, за планирани проекти, за разлика години наназад кога имаше само назадување, застој, каде ништо не се работеше и имаше

Интерпелацијата не е разрешница: што навистина следува по гласањето недоверба за државниот обвинител?

Собранието со 71 глас „за“ изгласа интерпелација за недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но таа политичка порака сама по себе не го трга од функцијата. Законот за јавното обвинителство (2020)

Сирискиот министер за надворешни работи: Израел ја користи „картата малцинства“ за да го поткопа суверенитетот на Сирија

МОСКВА (АА) – Израел ја користи „картата малцинства“ за да го оправда мешањето во внатрешните работи на Сирија, изјави денес сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шејбани, јавува Анадолу На прес-конференција по

Мицкоски: Тоа што не успеа Тодор Живков и плејада други бугарски политичари со Македонија, успеа во време на СДСМ – ерес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги

ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ КОНКУРС ЗА ТВ-СЕРИИ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ МИЦЕВСКИ

Работиме на конципирање на конкурс за серии кој би бил отворен во јануари, веќе десет години немало ваков конкурс во Агенцијата за филм, рече директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски, на вчерашниот брифинг
Go toTop