ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ КОНКУРС ЗА ТВ-СЕРИИ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ МИЦЕВСКИ

July 31, 2025
1 min read

Работиме на конципирање на конкурс за серии кој би бил отворен во јануари, веќе десет години немало ваков конкурс во Агенцијата за филм, рече директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски, на вчерашниот брифинг со министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Зборувајќи за филмските проекти, Мицевски рече дека периодов се снима филмот „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“) на режисерот Милчо Манчевски, а до крајот на годината ќе се снимаат уште два,  можеби и три долгометражни филма, „Тајната на голиот рид“ на Игор Алексов и „Мравките го спасуваат светот“ на Марјан Гавриловски.

Мицевски кажа и дека се работи на јасно дефинирање што е филм од национален интерес.

„Има многу дела кои мислам дека не треба да припаѓаат во таа категорија и треба да се јават за финансирање во МРТ или во други сродни институции“.

Мицевски e филмски и ТВ-монтажер и дизајнер на звук, кој на 20 јуни беше именуван од Владата за в. д. директор на Агенцијата за филм. Тој вчера зборуваше и за тоа дека е четврти директор за период од повеќе од една година.

„Со многу работа и со многу млада енергија се ‘пеглаат’ работите, но има уште многу работа. Јас сум од редот на филмските работници и како член во Филмскиот совет пет години доволно добро бев запознат каде се заплеткани работите во Агенцијата и можам да ги разберам и внатре проблемите на филмските работници. Имаше многу забелешки од Државниот завод за ревизија и генерално од јавноста за начинот на кој се финансираат филмовите и како се одвива процесот на бодување на проектите. Наоѓам начин како јавноста да биде информирана согласно законската рамка за бодовни листи за тоа кои се рецензенти и кои се условите некој да биде рецензент, како се доделуваат средства и слично. Сакам да им помогнам и на младите филмски работници и да направам отворен ден во Агенцијата за филм за да можат да добијат поддршка и информации, Во крајна фаза сме на објавување резултати од првиот рок на конкурсот. Се надевам дека ќе биде во најбрз можен рок“, кажа Мицевски.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

303 000 евра за пратенички километражи

Следно

Мицкоски: Тоа што не успеа Тодор Живков и плејада други бугарски политичари со Македонија, успеа во време на СДСМ – ерес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

Latest from Blog

Во Словенија одржан протест поради влошената хуманитарна состојба во Газа

Во главниот град на Словенија, Љубљана, се одржа протест со цел да се привлече вниманието кон влошената хуманитарна состојба во Газа, каде што Израел ги интензивира своите напади, јавува Анадолу. Демонстрантите се

Млади турски научници спроведоа низа истражувања на Арктикот

Тројца турски средношколци имаа можност да спроведат истражувања во Арктичкиот Океан како дел од петтата турска Национална арктичка научноистражувачка експедиција (TASE V) оваа година, пишува Анадолу. Финалистите во проектите 2204-C и 2204-D

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Доцна попладнево, кај Крушево се одвиваше драматична спасувачка акција, откако странски државјанин што летал со параглајдер завршил закачен на дрво високо над 30 метри. По добиената дојава од полициската станица во Крушево,

Ристоска: Размислувам дали да се кандидирам по втор пат, не сакам да ја легитимирам одлуката на владата, ќе тужам за клевета

„Сите настани што се случуваа во изминатиов период – клеветничките кампањи, укажувањата да ја повлечам апликацијата, нетранспарентноста на владата при поништување на листата, ме наведоа на заклучок дека не треба да се
Go toTop