Пренџов: Како папагали повторувааат „промена на Устав“, но промена на Уставот во овој парламентарен состав нема да има

January 15, 2023
1 min read

Со недели СДСМ не замајуваше со нивните партиски трибини и бурлески од типот “стани Цаци да те види сала”. Таман им завршија трибините на СДСМ, започнаа партиските трибини на ДУИ, и бидеќи таму  ја нема “Цаци”, тие не замајуваат со тоа кој бил командант, кој бил пион и кој во кои кланови се развивал!? Неспособниве треба да знаат дека се платени да го подобруваат економскиот стандард на граѓаните и стопанството и да се грижат за меѓународниот имиџ на државата, посочува пратеникот Љупчо Пренџов.

Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Успешните влади од регионот и пошироко излегуваат пред своите граѓани со решенија и проекти апропо глобалните кризи. Од друга страна, “нашиве” неспособни и неуки ”водачи” ни презентираат реални шоуа, криминал, корупција и внатре партиски пресметки.

Не разбираат дека граѓаните не јадат ПиАр, а особено  не – репете ПиАр шеста година по ред колку што се на власт.

Првата половина на месец јануари има највеќе неработни денови во годината или само 8 вкупно биле работни до денес, а талентиве веќе имаат 18 скандали зад себе во новава година.

Немајќи ниту еден Сектор во државата со кој ќе се пофалат а секојдневно им се случуваат нови скандали кои се сѐ помизерни и за гледање и за слушање. Единствената работа која што како папагали ја повторуваат е реченицата “промена на Устав” мислејќи дека со тоа ќе купат уште некој месец повеќе.

Промена на Уставот во овој парламентарен состав нема да има‼

Секој колега пратеник од владеачкото мнозинство кој и’ мисли добро на државата, па и на сопствената партија, треба да се одважи и да гласа за распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори оваа пролет. За СДСМ и ДУИ, можеби има и други опции, но за граѓаните и Македонија ова е единствената.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Нова битка во „војната“ за германски Луцерат – повредени 70 полицајци

Следно

(ВИДЕО) Последната снимка од авионот пред неговото уривање

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop