Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција

1 min read

Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, во земјата ќе пристигнат тимови на пожарникари од Бугарија, Франција, Германија, Романија и Словачка, кои ќе бидат лоцирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун и во Античка Олимпија на Пелопонез.

Целта, исто како и лани, ќе биде да им пружат помош на грчките пожарникари во гаснењето пожари, како и размената на знаење.

Конкретната програма лани беше пилотски имплементирана со учество на пожарникари од Бугарија, Франција, Германија, Норвешка, Романија, Финска, а од надлежното Министерство велат дека успешното спроведување беше едногласно признаено на состанокот на министрите на Европската унија во септември минатата година.

Па така, била донесена одлука за продолжување и проширување на програмата, а европски пожарникари освен во Грција, ќе бидат лоцирани и во Франција и Португалија.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Кремљ: Oдлуката за црноморскиот договор за жито ќе биде објавена тогаш кога ќе биде донесена

Следно

Топ 50 организации на индустријата за цензурирање

Latest from Blog