Кремљ: Oдлуката за црноморскиот договор за жито ќе биде објавена тогаш кога ќе биде донесена

May 16, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Јавноста ќе биде информирана за тоа кога ќе биде усвоена одлуката на Русија за продолжување на Црноморската иницијатива за жито, објави денес Кремљ, јавува Анадолу.

„Ќе ве информираме кога ќе биде донесена соодветна одлука. Тоа е сè што можам да кажам“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот во Москва.

Песков рече дека контактите меѓу сите страни на договорот за жито, кој истекува в четврток, се во тек и дека сè уште се отворени многу прашања во однос на спроведувањето на делот од договорот поврзан со Русија.

Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во јули минатата година во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше суспендиран по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

Во Истанбул е формиран заеднички координативен центар на трите земји и ОН за следење на пратките.

Според податоците на ОН, од август минатата година од Украина се извезени повеќе од 30 милиони тони жито и прехранбени производи.

Русија побара да се отстранат пречките за извоз на ѓубрива, поточно банкарските ограничувања, за да се согласи на уште едно продолжување на договорот за жито.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„И да игра со седуммина Интер нема да испадне од Милан“

Следно

Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција

Latest from Blog

Божиновска: Нова стратегија за искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија

Со Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година се поставува долгорочна рамка за подобро искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија, истакна министерката за

ФЕРО ИНВЕСТ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ПОДДРЖУВА МЕЃУНАРОДНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни

Промет од 30,68 милиони денари на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 05.10.2026–09.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 30.677.124,16 денари: 30.179.194 денари со акции и 497.930,16 денари со обврзници на
Go toTop