Повеќе од 46.000 луѓе загинаа, а над 114.000 се спасени по земјотресот во Турција

1 min read

Повеќе од 114.000 луѓе се спасени за време на операциите за потрага и спасување по разорните земјотреси во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Работата за отстранување на урнатините привршува, 114.834 луѓе се спасени“, изјави Ердоган за локалната телевизија.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија Сирија и Турција.

Потрагата и спасувањето се завршени, освен во провинциите Кахраманмараш и Хатај. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Две возила изгореа во Скопје

Следно

ФЗОСРМ: Почна исплатата на платите на здравствените работници

Latest from Blog