ФЗОСРМ: Почна исплатата на платите на здравствените работници

1 min read

Почна исплатата на платата на здравствените работници, информира попладнево Фондот за здравствено осигурување. Исплатата ќе се врши постепено во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.

– ФЗОРСМ ја известува јавноста дека од денеска започна со исплата на плата на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки, е наведено во соопштението.

Од Фондот им се заблагодаруваат на сите здравствени работници за трпението во овој период кога Фондот се соочува со сајбер напад и кога се прават максимални напори проблемот да се надмине што побргу.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа, а над 114.000 се спасени по земјотресот во Турција

Следно

Вечерва во 360°: Недвижниот имот на Мијалков конфискуван во „Империја“ вреди двојно помалку од првично соопштеното

Latest from Blog