Повеќе од 1 200 лица се соочуваат со обвиненија поради учество во немирите во Бразил 

January 11, 2023
2 mins read

Според меморандумот од федералните обвинители во кој имал увид британскиот национален сервис, групите кои го поддржуваат Болсонаро повикувале на „мега“ демонстрации кои требало да се одржат низ главните градови на бразилските сојузни држави

Повеќе од 1 200 лица се формално уапсени и се соочуваат со обвиненија во врска со немирите што во неделата се случија во главниот град на Бразил, кога толпа поддржувачи на поранешниот претседател на земјата Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот и уште неколку витални државни објекти, јавува Би-би-си. 

Поддржувачи на Болсонаро качени на куполата на Националниот Конгрес на Бразил/Фото: EPA-EFE/ANDRE BORGES

Властите имаат рок од пет дена да поднесат обвинение против сите осомничени кои беа приведени по немирите, а станува збор за повеќе од 1 500 лица. 

 Загриженоста од можни нови протести беше повод властите во земјата да наредат распоредување на големи безбедносни сили во главниот град, Бразилија. 

Извори од бразилската федерална полиција велат дека оние кои се официјално обвинети се задржани во академијата на безбедносните сили во Бразилија – каде што повеќето од уапсените беа одведени по немирите – а некои се преместени во други објекти. 

Властите предупредија дека некои од уапсените кои се ослободени, може повторно да бидат уапсени поради тековната истрага. 

Според меморандумот од федералните обвинители во кој имал увид британскиот национален сервис, групите кои го поддржуваат Болсонаро повикувале на „мега“ демонстрации кои требало да се одржат низ главните градови на бразилските сојузни држави. 

Во документот, исто така, биле наведени голем број дополнителни безбедносни мерки што треба да се преземат, меѓу кои и итно апсење на осомничени кои блокираат патишта и напаѓаат јавни згради, како и високи парични казни од 20 000 бразилски реали (3 830 долари или 3.168 фунти) за учесниците во вакви активности. 

За компаниите кои обезбедуваат логистичка и финансиска поддршка на луѓето што ги вршат вакви активности се предвидени парични казни до 100 000 бразилски реали (19 181 долари, односно 15 828 британски фунти). 

Бразилската влада, како што пишува Би-би-си, исто така, бара платформите на социјалните медиуми да преземат чекори за суспендирање на профилите кои биле вклучени во планирањето на нередите. 

Вчера, бразилските пратеници одобрија федерална интервенција со која беа распоредени воени сили за извршување на полициските и безбедносните задачи во Бразилија. 

Денеска изутрина десетици војници од бразилските национални сили можеле да се забележат на должност во близина на претседателската палата и Конгресот на Бразил. 

Многу од локалните жители, како што пренесува Би-би-си, гледаат со одобрување на распоредувањето на припадниците на безбедносните сили, кои велат дека се претпазливи од нови немири како оние што се случија на 8 јануари. 

„Сето ова е неопходно, за да се вратиме на работа. Кога го нападнаа Конгресот и претседателската палата се чувствував како да не можам да сторам ништо во врска со тоа “, вели Андерсон Родригез, жител на Бразилија.  

Тој додава дека сите вклучени во немирите треба да бидат обвинети за сторено кривично дело. 

„Не само луѓето кои беа тука, туку и луѓето кои ги финансираа“, посочува жителот на Бразилија. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украдени рачно направени оловни плочи од штипската уметничка галерија „Безистен“

Следно

Вработените во Брзата помош во Велика Британија повторно штрајкуваат, решение не е на повидок

Latest from Blog

Реал го краде Диоманде: Перез понудил 120 милиони евра за крилото на РБ Лајпциг!?

фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X) Реал Мадрид најверојатно ќе го претрка европскиот шампион ПСЖ во трката за потписот на крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде (19), објави „Фут Меркато“. „Кралевите“ наводно

Трамп се врати на бината и ги исмеа новинарите: Да не бев јас, ќе немаше за што да известувате (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на одложената вечера на Здружението на дописници од Белата куќа упати остри критики кон медиумите, но дел од говорот го искористи и за шеги и помирувачки пораки. Церемонијата,

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со забрзана динамика

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика, а фокусот во моментов е ставен на најкомплексниот дел од трасата. Интензивно се градат галериите, кои се оценети како најдобро решение

Љатифи: Со интерконекцијата кон Албанија ја зајакнуваме енергетската сигурност на државата

Интерконекцијата со Албанија станува реалност, порача директорот на АД МЕПСО, Бурим Љатифи, по денешниот увид во градежните работи на стратешкиот проект за поврзување на енергетските системи на двете земји. Заедно со тимот

Македонија далеку под европскиот просек – еве колку годишно се троши за енергија

Според најновата анализа на Visual Capitalist, изработена врз основа на податоци од Меѓународната агенција за енергија (IEA), Македонија се наоѓа во долниот дел од листата на земји според годишните трошоци за енергија
Go toTop