Повеќе од 1.000 фирми престанаа да работат во Русија

April 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Од 24 февруари минатата година кога започна руско-украинската војна, повеќе од 1.000 странски компании ја прекинаа работата или престанаа да работат во Русија, но некои и понатаму делуваат во таа земја и покрај постоечките санкции, известува Анадолу.

Откако Русија го започна она што го нарече „специјална воена операција“ во Украина, голем број сектори и земји најавија санкции или суспензии со обид за притисок врз руската економија.

Некои компании ја запреа својата работа и испораката од Русија, додека други ги завршија своите инвестиции или се повлекоа од партнерствата во Русија, дури и во Белорусија.

Денес американскиот Универзитет „Јеил“ објави извештај што покажува дека десетици компании и понатаму работат во Русија.

Главно од Кина, многу компании продолжуваат да делуваат, вклучувајќи ги и компаниите „Air China“, „Alibabа“, „China Mobile“, „Agricultural Bank of China“, „Honor“, „Oppo“, „Tencent“ и ZTE.

Околу 27 германски фирми, вклучувајќи ги и „AnyDesk Software“, „Claas“, „Globus“, „Hoffman Group“ и „Siemens Healthineers“, се меѓу активните фирми во земјата.

И околу 27 американски компании исто така се активни во земјата, вклучувајќи ги меѓу нив и „Quicksilver“, „Cloudflare“, „Sbarro Pizza“, „Riot Games“, „Tupperware“, „Valve“ и „Guess“.

Меѓу активните компании се речиси 30 француски компании, 12 италијански, 7 британски и 5 шпански.

Претходно, извештајот на „Brand Finance“ покажа дека голем број големи западни брендови го запреле своето делување.

Најголемиот светски бренд, Амазон, го запре своето делување во Русија на 9 март 2022, а Епл, кој се наоѓа на второто место на листата на најдобри брендови, исто така, ја запре официјалната продажба во Русија на 2 март 2022 година.

Како трет највреден бренд, Гугл во март 2022 година суспендираше некои свои услуги во земјата, како што е огласување и пазарот на апликации.

Во јануари извештајот на Универзитетот „Санкт Гален“ со седиште во Швајцарија покажа дека само 8,5 отсто од компаниите од ЕУ и Г7 презеле чекори за излез од Русија или го запреле своето работење во таа земја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ристоска ги разбранува духовите во Советот на јавни обвинители: Ќе се проверува дали со нејзината изјава го повредила етичкиот кодекс на ЈО

Следно

Кина ќе ги дигитализира рудниците за да ја подобри безбедноста

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop