Поранешниот шеф на Мосад, Коен, го критикуваше Бајден за прекин на испораката на оружје за Израел

1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Поранешниот шеф на Мосад, Јоси Коен, го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден за прекин на испораката на оружје за Израел, јавува Анадолу.

Како што пренесува „Ерусалим пост“, Коен го коментирал американското суспендирање на испораките на оружје за администрацијата во Тел Авив.

Критикувајќи го Бајден за американското суспендирање на испораките на оружје, Коен рече дека на Израел треба да му се даде слобода да ги нападне бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас во Појасот Газа.

Според американските медиуми, повикувајќи се на неименувани американски претставници, американската администрација привремено ја прекинала испораката на дел од оружјето за Израел, а одлуката е донесена поради прашањето за нападот врз Рафа во Појасот Газа.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во неделата потврди дека се во процес на процена на оружјето што треба да се прати во Израел во контекст на копнениот напад врз Рафа и дека ја прекинале испораката на дел од оружјето додека овој процес е во тек.

И покрај меѓународните предупредувања, израелската армија ги прошири своите воени операции во Појасот Газа пред седум дена со започнување копнена операција во градот Рафа на југот на блокираната енклава, како и со пробивање во населбата Зејтун југоисточно од градот Газа и спроведување големи воени операции во градот и бегалскиот камп Џабалија северно од Појасот Газа.

Повеќе од 35.000 Палестинци се убиени, а повеќе од 76.600 се ранети во бруталните израелски напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

Израел, обвинет за геноцид, спроведува и блокада на Појасот Газа и не дозволува влез на хуманитарната помош што ги одржува во живот 2,3 милиони Палестинци што се наоѓаат таму.

Повеќе од седум месеци по почетокот на израелската војна огромни делови од Појасот Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Дел од српската опозиција ќе ги бојкотира претстојните избори во Белград

Следно

Потпретседателот на ЕК ја критикуваше Евровизија за забраната на знамето на ЕУ: Подарок за непријателите на Европа

Latest from Blog