Поранешна директорка на градинка обвинета дека на децата им давала гуми за џвакање кои успиваат

February 15, 2023
1 min read

ГРИНФИЛД (АА) – Поранешна директорка на градинка во американскиот град Индијанаполис, во сојузната држава Индијана, обвинета е дека на децата им дава гуми за џвакање со мелатонин (хормон за спиење), без согласност на нивните родители, пренесува Анадолу.

Според судските документи, свештеникот Дејвид Фолк ѝ рекол на полицијата дека дошол до сознанието дека Тоња Рејчел Ворис (52), директорка на градинка на Црквата „Њу лајф“ во Камберленд и една нејзина вработена, им давале гуми за џвакање со мелатонин на 17 деца, кои биле на возраст од 1 до 4 години, без согласност на нивните родители.

Свештеникот Фолк истакна дека Ворис била отпуштена откако признала, но другото лице сè уште работи во градинката.

Ворис ќе одговара по 17 точки од обвинението за невнимание и неодговорно однесување во грижата за децата кои биле под нејзино старателство.

Некои родители пријавиле во полиција дека нивните деца имале несакани ефекти како што се отежнато спиење и осип по телото.

Според затворската евиденција, Ворис по приведувањето била ослободена со кауција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

По 212 часа од земјотресите во Туркије спасена е 77-годишна жена во Адијаман

Следно

Арсовска: Пожарникарите се хероите на нашиот град

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop