Арсовска: Пожарникарите се хероите на нашиот град

February 15, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска одржа работен состанок со претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски и генералниот секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија Боби Вељаноски.

На истиот било разговарано за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, како и за бројни други мерки неопходни за подобра функционалност, информираа од Град Скопје. 

– Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо делуваат во заштита на нашата безбедност и сигурност. Правата на припадниците на бригадата се унапредија минатата година со исполнување на барањето бодувањето од правилник за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што се заштитија законските права на скопските пожарникари, порача Арсовска. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поранешна директорка на градинка обвинета дека на децата им давала гуми за џвакање кои успиваат

Следно

(ВИДЕО) Бунтовници во Индонезија зеле како заложник пилот од Нов Зеланд

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop