Попова Шапка под снежна покривка, утре ќе има поројни дождови, а викендов се очекува снег и во пониските места

January 18, 2023
1 min read

В петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места

Во државава изутрина во седум часот не се регистрирани минусни температури, а најстудено со 0 степени е на Попова Шапка, каде има 22 сантиметри снежна покривка. Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнало во Лазарополе, 35 литри на метар квадратен, по што следат Пожаране со 33, Маврови Анови со 29 и Попова Шапка со 24 литри дожд на метар квадратен.

Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките планински врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час) најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен. Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Денес и утре ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Извор: УХМР

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изречени казни за 129 возачи во Скопје

Следно

ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина добиваат нови директори

Latest from Blog

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата
Go toTop