Полициските службеници сведочеа како дошле до телата на Панче и Вања, судењето продолжува во петок

2 mins read

Со сведочењата на двајца полициски службеници на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорческа и Панче Жежовски полека се склопува приказната за нивното ликвидирање и за криењето на нивните мртви тела. Според овие сведочења главна улога во групата која е обвинета за извршување на овие грозоморни убиства е Љупчо Палевски. Другите тројца од групата се Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев.

Со овие сведочења јавноста јавноста дозна како полицијата дошла до местата каде што бил фрлен Панче Жежовски и каде што била закопана Вања Ѓорческа. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

На денешното рочиште прво сведочеше Музафер Калишиќ, кој на 27 ноември кога беше грабната и убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, бил помошник-началник на СВР Скопје.

Сведочењето за убиствата на Вања и Панче продолжи со прашања за обвинетиот Влатко Кешишев. Тоој бил приведен од полициските детективи, но при испрашувањето не сакал ним ништо да им каже, барајќи да биде само со Калишиќ. Тој замолил да не се дознае ништо оти „Палчо ќе ме убие“.

„Седнавме во кола, нѐ однесе директно кај запаленото возило ‘цитроен’ во Бразда за кое полицијата веќе знаеше. Потоа сакаше нешто да каже, но се колебаше. Сепак рече, ‘ајде ќе ве однесам’. Седнавме, возевме по едно патче по негова насока“.

Кога стигнале до едно место кое било депонија, стоел на страна и со главата покажувал накај исфрлени перници и душеци.

Почнале да копаат на местото кое тој им го посочил, па рекол: „Тука ја фрлија“. Тогаш го фатил началникот за рака и рекол „Мислам, тука е маленкото”.

Кога началникот праша кое, Кешишов рекол тоа што го барате – девојчето.

Копале се додека не го виделе носот и едната нога, па сопреле. Кешишов тврдел дека Велимир Манев и Љупчо Палевски, ја зеле и тука ја фрлиле, а тој гледал од далеку. Каришиќ рече оти се гледало дека Кешишов имал чувство на вина и повторувал дека е лош човек.

Во вкрстени прашања, обвинетиот Љупчо Палевски го праша сведокот што нашле од докази на местото на настанот.

„Телото на Вања и лопатите“, одговори тој.

По него сведочеше поранешениот началник на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Тој главно одговараше на прашања на обвинителството поврзани со исчезнувањето на велешанецот Жежовски.

Тој рече дека веднаш го лоцирале телефонот на Панче, не бил исклучен и зрачел во близина на бензиската пумпа кај Велес.

Манев го посочил и местото каде што бил закопан Панче. Тоа било место викано „Дупка”. Теренот бил непристапен, дупка длабока три метри обрасната со дрвја. Пожарникарска служба им помогнала да го извадат телото.

„Велибор ни кажа дека Љупчо Палевски го убил, му пукал со пиштол во тилот. Пронајдена беше и чаурата”, рече Самарџиев.

„Кога ја видовте снимката од бензинската пумпа на која се гледа Панче во автомобилот ден пред да го грабнат?”, праша судијата.

„Тие снимки ги гледаа и ги анализираа надлежните колеги и мислам дека тоа беше веднаш по пријавувањето на исчезнувањето на Панче“, одговори тој. Самарџиев нагласи дека кога полицијата од Скопје ги известила оти бил пронајден запалениот „цитроен“ помислиле дека Жежовски може да е ликвидиран. Парче од мобилниот телефон на Вања било пронајдено во возилото на Панче.

Судењето продолжува во петок, со нови сведоци на обвинителството.

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

Висока воена делегација од Турција во посета на македонската армија

Следно

Пронајден починат маж во својот дом во Делчево

Latest from Blog