Висока воена делегација од Турција во посета на македонската армија

October 16, 2024
1 min read

Висока воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, денес, престојуваше во Генералштабот на Армијата.

По пречекот со високи воени почести, генералот Ѓурак оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на која беше реафирмирана соработката која е на континуирано висок ниво со ВС на Република Турција, како еден од нашите најголеми стратешки партнери. Тридецениската меѓуармиска соработка и поддршка особено е изразена во доменот на обуката, военото образование, заедничкото учество во меѓународни операции и мисии, каде голем број наши ротации беа под покровителство на турскиот контингент, вклучително и последната во мисијата на ЕУ/АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

АРМ

Генералот Лафчиски рече дека пријателска Турција, како наш стратешки партнер, значајно придонесува за модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, современи средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО, меѓу кои е и последната донација од дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема за потребите на специјалните единици на Армијата.

Генералот Ѓурак се заблагодари за гостопримството и истакна дека Република Турција останува посветена на високото ниво на воена соработка со порака за продлабочување во доменот на обуката, вежбите и едукација на припадниците на македонската Армија во престижните воени образовни институции на турските ВС.

За време на официјалните разговори со делегацијата на ВС на Турција, се презентираа тековните процеси за модернизација и трансформација на Армијата, нашиот придонес и учеството во меѓународните операции и мисии во странство и можноста за користење на капацитетите на АП „Криволак“ за обука и вежбовни активности.

АРМ

Во рамки на денешната посета, делегацијата на ВС на Република Турција присуствуваше на показна вежба од страна на припадниците на Баталјонот за специјални сили, на која беа прикажани активности со кои се покажа обученоста и подготвеноста на нашата елитна единица.

По активностите во Генералштабот, генералот Метин Ѓурак придружуван од генералот Лафчиски, ќе оствари средба со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Попис во Црна Гора: 42 отсто Црногорци, 33 отсто Срби

Следно

Полициските службеници сведочеа како дошле до телата на Панче и Вања, судењето продолжува во петок

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop