Поднесено обвинение против четири лица за уништување и палење на државни знамиња

December 6, 2024
1 min read

 

Основното јавно обвинителство скопје поднесе обвиненија против четири лица поради уништување и палење на државни знамиња. Како што соопшти Јавното обвинителство, за четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители бараат основниот Кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.

„Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол. Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, го запалил знамето на Република Албанија“, се наведува во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Се надеваме на продолжување на движењето на антирежимските групи кон Дамаск

Следно

Уставниот суд нема да коментира ничии ставови, седницата за Законот за употреба на јазиците на 11 декември

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:
Go toTop