Почна изградбата на мултифунционален спортско-рекреативен комплекс во Лисиче

April 28, 2023
1 min read

 Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваа почетокот на градежните работи за изградба на нов спортско-рекреативен  комплекс во Лисиче.

Инвестицијата е  целосно обезбедена од општина Аеродром.

Муцунски истакна дека во овој дел од општина Аеродром повеќе од 10 години немало ваков тип на инвестиција. – Овој комплекс ќе има посебно детско игралиште, посебно спортско игралиште, мал плоштад. Инвестицијата е целосно на општина Аеродром и очекуваме инвестицијата да се реализира, односно да се заврши пред почетокот на летото, изјави Муцунски. 

Мицкоски информира дека новата инвестиција во Лисиче ќе значи подобар живот за граѓаните.

– И покрај тоа што имаме состојба во која што Владата континуирано, посебно за Општина Аеродром се врши жесток притисок во форма на тоа да се намалуваат дотациите. Континуирано се кратат дотациите, нема никаква поддршка ниту од Владата, ниту од Град Скопје, иако беше многу ветувано посебно од Град Скопје за Аеродром, но еве толку се можностите и се прават натчовечки напори да бидат се поголеми, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во општина Аеродром и покрај притисокот кој, како што рече, го чувствуваат на дневна основа и покрај кратењата и нечовечкиот однос од страна на централната власт, сепак изнаоѓаат средства истовремено да ги испорачуваат ветувањата со тие лимитирани можности и да се грижат за животната средина и квалитетот на живот на луѓето во општина Аеродром.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кина бара САД итно да го запрат продавањето оружје на Тајван

Следно

Борисов: Нема подобар премиер од мене, но јас се повлеков, нека го сторат тоа и Петков и Василев

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop