Борисов: Нема подобар премиер од мене, но јас се повлеков, нека го сторат тоа и Петков и Василев

1 min read

Мислам дека коалицијата Промените продолжуваат-Демократска Бугарија гледа дека никој не е подобро подготвен од мене да биде премиер, но јас се повлеков за да дадам шанса за влада, рече Борисов

Доколку Асен Василев и Кирил Петков учествуваат во новиот владин кабинет, ние ќе понудиме наши видни личности, како Дељан Добрев, Томислав Дончев…., изјави лидерот на коалицијата ГЕРБ-СДС и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, по неколкуте дена преговори со второпласираната коалиција на последните парламентарни избори ПП-ДБ, одговарајќи на новинарско прашање, дали Василев и Петков се прифатливи за ГЕРБ-СДС во евентуалниот владин кабинет.

Двете коалиции претходно ја усогласија законодавната програма, а во моментов се преговара и за владината програма и личностите кои ќе бидат застапени во неа.

„Мислам дека коалицијата Промените продолжуваат-Демократска Бугарија гледа дека никој не е подобро подготвен од мене да биде премиер, но јас се повлеков за да дадам шанса за влада“,

рече Борисов.

Затоа, смета тој, и Петков и Василев треба да го сторат истото, за да има можност за програмски, експертски кабинет, кој врз основа на одговорност ќе раководи во следните четири години.

„Ако имаме буџет и програма, мислам дека ако ги расчистиме емоциите, ќе се договориме и за поединците“,

истакна лидерот на ГЕРБ.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Почна изградбата на мултифунционален спортско-рекреативен комплекс во Лисиче

Следно

ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ЗАТВОРА СО ПРЕТСТАВАТА НА ФИЛИП ПЕТКОВСКИ, „ОДЕЊА И СЛИЧНИ КОРЕОГРАФСКИ РЕШЕНИЈА“

Latest from Blog