ПОЧИНА МОРГАН СПАРЛОК, РЕЖИСЕРОТ НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА „МЕКДОНАЛДС“

May 24, 2024
1 min read

Американскиот режисер на документарни филмови Морган Спарлок, кој се прослави со филмот за брзата храна „Јас во суперголемина“ (Super Size Me), почина на 53 години од рак, објави неговото семејство. Тој режираше повеќе од 20 филмови во кариерата, вклучувајќи ги „Каде е Осама бин Ладен?“ од 2008 и „Тоа сме ние“ за турнејата на британскиот поп-бенд „Уан дајрекшн“ во 2013.

Спарлок во 2005 беше номиниран за Оскар за најдобар долгометражен документарец за „Јас во суперголемина“, во кој еден месец јадеше само храна од „Мекдоналдс“ за да го тестира нејзиното влијание врз здравјето.

Експериментирајќи на себеси цели 30 дена, Спарлок се здебелил 11 килограми откако јадел само бургери и пиел големи количини „кока-кола“, па лекарите на крајот му кажале дека си го загрозува здравјето. Тој во филмот опишуваше како се чувствува лошо и без енергија, додека на лекарските прегледи му беа утврдени висок холестерол и висок крвен притисок.

По излегувањето на филмот, „Мекдоналдс“ објави соопштение во кое го бранеше своето мени и го осуди филмот како нереалистичен. Истата година, фирмата го исфрли бургерот „супер сајз“ од менито.

Во 2017 Спарлок сними продолжение на филмот, во кое отвори свој ресторан за брза храна со пилешко.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицотакис уште еднаш повтори дека во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Следно

Грција на второ место во светот по „Сини знамиња“ со 652 наградени плажи, марини и јахти

Latest from Blog

Алијансата на Албанците излегува од Владата – Таравари најави премин во опозиција

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозиција. – Денеска Алијансата на Албанците едногласно одлучи да премине во

Брутално убиство во Србија: Во автомобил ја избодел поранешната сопруга

Тело на жена е пронајдено утринава во автомобил во приградска населба во Крагуевац, објавија српските медиуми. Според неофицијални информации, за убиство е осомничен Б.Р., поранешен сопруг на убиената 41-годишна жена. Жената наводно

Салија во 24 анализа: Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора

Џеват Салија, медицински техничар од болницата во Гостивар во 24 анализа рече дека, ситуацијата со медицинските сестри е специфична. Според него, најголем проблем е тоа што не се пепознаени и не се

Алијанса за Албанците ја напушта Владата, Таравари: Одлучивме да се вратиме кај народот!

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.  Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците.  Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. ИЗВОР: ТВ 21
Go toTop