Грција на второ место во светот по „Сини знамиња“ со 652 наградени плажи, марини и јахти

May 24, 2024
1 min read

Вкупно 625 грчки плажи, 18 марини и девет туристички јахти оваа година ја освоија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ со што Грција останува на второто место во светот во конкуренција од 52 земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Во програмата „Сино знаме“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата за пливање, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Во грчкиот град Каламата, на специјален настан денеска беа соопштени наградените плажи во Грција за 2024 година.

На ниво на региони, Крит е на првата позиција со 146 знамиња, додека, пак, префектурата Халкидики е прва меѓу префектурите во Грција, со 104 знамиња, а на второто место е островот Родос.

Од Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и националниот оператор во меѓународната програма соопштија дека во Грција постои нагорен тренд и секоја година се зголемува бројот на наградувани плажи.

Оваа година, Меѓународната комисија додели „Сино знаме“ на 4.252 плажи, 733 марини и 141 туристички јахти ширум светот, прва е Шпанија, втора Грција, а Турција е на трета позиција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА МОРГАН СПАРЛОК, РЕЖИСЕРОТ НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА „МЕКДОНАЛДС“

Следно

Неколку скопски населби викендов со намалено водоснабдување

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop