По убиството на двајца Израелци, убиен е Палестинец, запалени куќи на Западниот Брег

February 27, 2023
1 min read

Вооружен Палестинец вчера уби двајца Израелци на окупираниот Западен Брег, што поттикна напади од израелски доселеници врз палестински куќи и автомобили во кои е убиен еден Палестинец, соопштија вчера официјални претставници.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи во време кога израелските и палестинските претставници за безбедност се состанаа во Јордан за да разговараат за намалување на тензиите.

Израелската армија соопшти дека напаѓачот отворил оган врз израелското возило. Претставник на населената област изјави дека се убиени двајца браќа од населбата Хар Браха, оддалечена осум километри.

Палестинците по пукањето објавија дека Израелците од блиската населба нападнале палестински домови во областа.

Гасан Даглас, официјален претставник задолжен за активностите против населувањето, рече дека неколку палестински куќи и 15 автомобили биле запалени.

Израелски доселеник уби 37-годишен Палестинец, соопштија палестинските власти.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека ја смета израелската Влада целосно одговорна за нападите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војниците трагаат по напаѓачот, а армијата објави дека ја блокирала областа.

„Повикувам, дури и кога крвта врие, да не го земате законот во свои раце. Повикувам да им се дозволи на израелските одбранбени сили и безбедносните сили да ја завршат својата работа“, рече Нетанјаху.

Нападите се случија во време кога шефовите на израелските и палестинските безбедносни сили се состанаа за прв пат по неколку години, при што се согласија да го прекинат секое насилство и да завршат едностраните мерки во рок од три до шест месеци.

„Ова ја вклучува обврската на Израел да ги прекине дискусиите за нови населби на четири месеци и да ги замрзне одобрувањата за какви било нови згради на шест месеци“, додадоа тие и закажаа нов состанок во март. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руски извидувачки авион оштетен во саботажа со дрон во Белорусија

Следно

Битиќи во Брисел на скрининг состаноци и на средби со претставници на ЕК и ЦЕФТА

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop