Битиќи во Брисел на скрининг состаноци и на средби со претставници на ЕК и ЦЕФТА

February 27, 2023
1 min read

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонијa задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска до 1 март ќе престојува во Брисел, каде што ќе се обрати на двата билатерални скрининг состанока од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги“ и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“, соопшти владината прес-служба.

Вицепремиерот Битиќи за време на престојот ќе има и одвоени средби со европскиот комесар за економија Паоло Џентилони, со Темис Христофиду, генерална директорка за образование, млади, спорт и култура при Европската комисија, со директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ, со Марк Леметр, генерален директор за истражување и иновации, и со Бен Батерс, извршен директор на Еурочемберс.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По убиството на двајца Израелци, убиен е Палестинец, запалени куќи на Западниот Брег

Следно

Туркије: Бројот на загинати во земјотресите порасна на 44.374

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop