Пентагон: Протекувањето на доверливите документи е сериозен ризик за националната безбедност

2 mins read

Координаторот за стратегиски комуникации при Советот за национална безбедност Џон Кирби одговарајќи на новинарско прашање дали САД се подготвуваат за евентуално протекување на нови документи изјави: „Вистината и искрениот одговор на вашето прашање е – не знаеме. И тоа не загрижува“

Протекувањето на низа високо доверливи документи за војната во Украина претставува многу серизен ризик за националната безбедност, а наделжните служби преземаат брзи чекори за ублажување на штетата, изјави вчера висок претставник на Пентагон, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Објектот на министерството за одбрана на САД – Пентагон/Фото: Архива

Во меѓувреме Белата куќа соопшти дека постои загриженост дека може да има и дополнителни протекувања на доверливи документи.

Помошник-секретарот за одбрана Крис Меген во изјава за новинарите рече дека министерот за одбрана на САД, Лојд Остин во четвртокот, минатата недела првпат дознал за објавувањето бројни доверливи документи за воените напори на американската војска во Украина, како и разузнавачки информации кои вклучуваат и други земји.

Остин, како што се наведува, изминативе денови контактирал со сојузниците и одржал состаноци за да се процени штетата од протекувањето на документите. Формирана е и група чија задача е не само да го процени обемот на протечените информации, туку и да утврди кој имал пристап до документите.

„Одделот внимателно следи како овој вид информации се дистрибуираат и на кого“,

рече Мегер.

Координаторот за стратегиски комуникации при Советот за национална безбедност Џон Кирби одговарајќи на новинарско прашање дали САД се подготвуваат за евентуално протекување на нови документи изјави:

„Вистината и искрениот одговор на вашето прашање е – не знаеме. И тоа не загрижува“

Непознаница за американската влада, според Кирби е и кој стои зад ова.

Еден од документите укажува на проценката на бројот на убиени руски војници во украинската војна, што е значително помал од бројот што го објавија американските официјални лица.

Во делот насловен „Вкупно проценети жртви“, еден документ наведува 16 000-17 500 руски жртви и до 71.000 украински жртви.

Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб на САД, минатиот ноември изјави дека Русија изгубила повеќе од 100 000 војници, а Украина исто толку.

Тие проценки продолжија да растат во последните месеци, иако официјалните лица престанаа да даваат точни бројки.

Според делови од друг документ кои датираат од февруари оваа година сугерираат дека украинската противвоздушна одбрана може да остане без проектили и муниција во рок од неколку недели.

Украинските системи „Бук“, на кои се потпира противвоздушната одбрана заедно со С-300 во битката со руските напади од воздух, би можеле да наидат на проблеми до средината на април, објави „Њујорк тајмс“, а противвоздушната одбрана која ги штити војниците на фронтот може да биде „целосно намалена“ до 23 мај.

Портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател вчера изјави дека дека американските официјални претставници соработуваат со сојузниците и партнерите на високо ниво околу ова прашање, вклучително и да ги уверат во посветеноста на САД за зачувување на разузнавачките податоци и зачувувањето на партнерствата.

Американските функционери одбиваат да дадат какви било детали во врска со обемот на објавените документи, како дошло до протекувањето и со кои лидерите на држави разговарале претставниците на САД.

Пател додаде оти „нема сомнеж“ оти објавувањето на документите претставува ризик за националната безбедност.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

(ИНТЕРВЈУ) Миша Поповиќ: Корист од измените на законите за „Бехтел и Енка“ има приватниот интерес

Следно

Изречени 167 казни за еден ден за возачите во Скопје

Latest from Blog