Папата Бенедикт потпишал картичка за донирање на органите по смртта, но тоа нема да се случи – еве ја причината

January 5, 2023
1 min read

Папата Бенедикт беше поборник за донирање органи и со години носел донаторска картичка, но неговите органи не можат да се донираат по неговата смрт.

Џозеф Рацингер со години беше на списокот за донирање органи, но Ватикан официјално потврди во 2011 година дека на списокот го нема.

Имено, правилата се такви што неговата лична одлука за донирање органи престанала да важи откако станал папа во 2005 година.

– Точно е дека папата има донаторска картичка, но спротивно на јавното мислење, картичката што му била издадена во 70-тите станала неважечка со изборот на кардиналот Рацингер за папа,напиша тогаш долгогодишниот секретар на папата Георг Гансвајн во писмо што го испратил до германскиот лекар Гер Винкелман.

Самиот Рацингер често се залагаше за донирање органи.

– Да се ​​дарува органи спонтано, со целосна свест и знаење, значи оживување на вистински и длабок чин на љубов кон ближниот, рече тој во говорот во 1999 година.

Од Ватикан велат дека со смртта на папата, неговото тело и припаѓа на Црквата и мора да биде погребано недопрено. Доколку органите на папата би биле донирани, тие би станале мошти во туѓо тело, во случај папата на крајот да биде прогласен за светец.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ламбе и Антониа ќе ја испеат „Вечниот Бог“ во дворот на општина Гази Баба

Следно

Секоја година на Дрисла „гние“ струја за 20.000 домаќинства

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop