СКОПЈЕ (АА) – Група палестински деца протестираа на Западниот Брег, барајќи прекин на израелските напади, јавува Анадолу.
Децата се собраа на плоштадот „Џамал Абдунасир“ во градот Тулкарм за да протестираат против тековните напади на Израел врз неколку области во окупираниот Западен Брег и бегалскиот камп Нур Шамс.
Од почетокот на геноцидната војна на Израел врз Газа, речиси 1.000 Палестинци се убиени, а повеќе од 7.000 повредени на Западниот Брег од страна на израелските сили и нелегалните доселеници, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
Извор: Anadolu Agency (AA)