Ердоган вети поддршка за својот сириски колега, отфрлајќи ја фрагментацијата во Сирија

July 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повтори поддршката за својот сириски колега, ветувајќи дека нема да го остави Ал-Шара сам, ја отфрли фрагментацијата во Сирија, и обновата на земјата разурната од војна ја нарече корисна и за Турција, јавува Анадолу.

„Во време кога дури и неочекувани актери се здружуваат за Сирија, клучно е да му се објасни на светот дека Израел ги попречува напорите за враќање на стабилноста“, изјави Ердоган за новинарите на враќање од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) доцна синоќа.

Анкара ја поддржа преодната администрација во Сирија предводен од претседателот Ахмед ал-Шара, кој ја презеде власта по падот на режимот на Асад во декември 2024 година.

Во врска со прекинот на огнот во сириска Сувејда, градот во кој неодамна имаше судири меѓу бедуинските племиња и малцинството Друзи, а подоцна и интервенција од Израел, Ердоган рече дека неговиот сириски колега задржал цврст став, без знаци за компромис досега.

„Израел не сака стабилност во регионот, верува дека обединета Сирија не е во негов интерес и продолжува со вакви провокации“, изјави тој.

Во врска со прашањето за Кипар, Ердоган рече дека нема намера да го посети Јужен Кипар и додаде: „Исто како што тие не ја признаваат Турска Република Северен Кипар како држава, ние не го признаваме Јужен Кипар.“

„Клучот за решение на Кипар е моделот на две држави. Нема компромис за ова“, изјави Ердоган.

За продажбата на авионите „Еурофајтер“ на Турција, Ердоган изјави дека Велика Британија и Германија позитивно гледаат на купувањето борбени авиони од страна на Турција.

Тој рече дека Европската Унија не треба да чека ниту еден ден за да ги обнови и унапреди преговорите за пристапување на Турција.

Во врска со геноцидната војна на Израел во Појасот Газа, турскиот претседател вели дека верува оти народот на Газа нема да се предаде и нагласи дека „Израел напаѓа како полудено чудовиште и ќе се уништи себеси во овој бес“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Газа испраќа „очајни пораки за глад“, хуманитарната помош останува блокирана пред вратите на енклавата

Следно

Диви трки со автомобили на автопат – МВР порачува: Нема толеранција за „љубителите на брзината“

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop