Падна Вибер: Kорисници реагираат дека не може да испраќаат пораки

1 min read

Најголем дел од корисниците имаат проблем со испраќање пораки

Популарната апликација за размена на пораки, Вибер, падна. Корисници од целиот свет пишуваат дека имаат проблеми со испраќањето пораки и со конекцијата.

На веб-страницата за следење на комуникацијата на интернет „Даун детектор“ (Down Detector) пишува дека првите пријави за проблеми со апликацијата пристигнале некаде по 20 часот вечерва, а најголем дел од корисниците имаат проблем со испраќање пораки.

Дека има проблеми со апликацијата пишуваат и медиумите во регионот, а во дискусијата на „Даун детектор“ може да се прочитаат коментари од корисници од Босна и Херцеговина, Флорида, Ерменија, Саудиска Арабија, Малдиви итн.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

КАВГА ВО СДСМ: Ковачевски сака да го постави Филип Николовски на местото на Оливер Спасовски

Следно

Бајден: Путин се обидува да „здивне“ со прекинот на огнот

Latest from Blog