КАВГА ВО СДСМ: Ковачевски сака да го постави Филип Николовски на местото на Оливер Спасовски

2 mins read

Се разгоруваат страстите во владејачката СДСМ. По бројните шпекулации за кавги внатре, кои во изминатите денови ги објавуваа медиумите, Радио Лидер ексклузивно ја објавува последната кадровска кавга во владејачката партија. Извор од врвот на СДСМ за Лидер открива дека Димитар Ковачевски сака да го замени Оливер Спасовски со заменик министерот Филип Николовски.

Во скопската јавност, воопшто не е тајна дека кумановецот Оливер Спасовски му е еден од најнеомилените министри на кумановецот Димитар Ковачевски. Добро упатените познавачи на состојбите во владејачката СДСМ, со месеци брифираат дека постои огромно непријателство на релација Ковачевски-Спасовски.

-Првенствено тие тргнаа како тандем, затоа што Оливер Спасовски беше претерано близок со таткото на Димитар Ковачевски, стариот Таче. Во меѓувреме работите се сменија, затоа што Ковачевски се повеќе беше обземен од шармот на Миле Зечевиќ кој упорно се труди да го тргне од таканареченото „селско крило“ на СДСМ. Зечевиќ сега системски работи да ги тргне сите кадри кои се оставени од Заев, меѓу кои и Оливер Спасовски. – брифира извор од самиот врв на СДСМ за Радио Лидер.

Според извор на Лидер, очигледно руралниот Ковачевски буквално бил обземан од скопјанштината на Миле Зечевиќ, па на местото директор на АНБ го поставил Зарко Милошевски кој воопшто не му е по кеиф на шефот на МВР но и на нивниот поранешен а можеби и сегашен, заеднички шеф, Зоран Заев.

– Зарко е Бранковист, тоа е добро познато во СДСМ, секогаш важел за близок да Црвенковски и до Зечевиќ. Тој никогаш не се поднесуваше нити со Оливер Спасовски, нити со Зоран Заев кои неговото место го меркаа за друг човек. Откако ја презема функциојата веднаш почна да се пресметува со луѓето на Заев. Па така, Зарко го испрати Јовче Ременски на работа надвор од Скопје и го разреши од раководното место во еден од секторите на АНБ. – брифира нашиот извор од СДСМ кој е непосредно близок со премиерот Ковачевски.

Ситуацијата кулминирала кога лично Зоран Заев и Венко Филипче, видно револтирани влегле, а според некои тврдења и излегле, на состанок со Димитар Ковачевски. На овој фамозен состанок на кој многу се викало, тие се противеле на неговата идеја да биде разрешен првиот човек на МВР Оливер Спасовски и на негово место да биде поставен заменик министерот за финансии, Филип Николовски.

-Иако е само заменик министер, Филип Николовски е еден од луѓето во кои Ковачевски најмногу верува. Тие се стари пријатели, па така тој е единствениот кој доаѓа на позиција а не е од екипата на Заев, дури мислам дека никогаш не бил ни нешто активен во СДСМ. Тој е човек на Ковачевски и токму поради тоа тој сака да го постави за министер за внатрешни работи, позиција која е многу важна за секој премиер. – вели изворот.

Но, работите излегле од контрола…

Заев и Филипче нервозни влегоа кај Ковачевски и нервозни излегоа од кај него, затоа што тој и понатаму стои на ставот дека Филип Николовски треба да го замени Оливер Спасовски затоа што тој е претерано компромитиран со десетиците скандали кои ги има откако е министер. Чашата ја прелеаја пасошот за рускинот на црни листи. По таа средба, детали од внатрешниот живот во СДСМ почнаа да излегуваат во јавноста, затоа и јас ви ги кажувам овие работи. – вели изворот за Лидер.

Радио Лидер во наредните денови ќе се обрати и до Спасовски и до Николовски во однос на тврдењата на нивниот извор.

Дали Ковачевски ќе ја оствари својата желба да го постави на оваа значајна позиција својот долгогодишен пријател или ќе потклекне пред Заев, останува да видиме.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Данилов: Украина не се се согласува на никакви разговори со Русија

Следно

Падна Вибер: Kорисници реагираат дека не може да испраќаат пораки

Latest from Blog