Осумнаесет мигранти пронајдени мртви во камион близу Софија

February 17, 2023
1 min read

Првичните информации велат дека камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото. Причината за смртта на мигрантите засега е непозната, но полицијата ја исклучува можноста за сообраќајна несреќа

Осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете, се пронајдени мртви во напуштен камион во бугарското село Локорско во околината на Софија, информира Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Според првичните информации, како што јавува Бугарската национална телевизија (БНТ), камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото.

„Засега не е позната причината за смртта на лицата, но исклучена е можноста за сообраќајна несреќа“,

прецизираат од МВР на Бугарија, додaвајќи дека се трага по возачите на камионот.

По добиената пријава, на местото на настанот пристигнале лекарски екипи кои констатирале смрт кај 18 лица. Според БНТ, во несреќата се повредени 34 лица, меѓу кои и пет деца. Повредените се пренесени в болница.

Министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев, изјави дека повеќето од повредените се во тешка состојба, но дека не се во животна опасност.

„Страдаат од недостаток на кислород, облеката им е влажна, смрзнуваат и очигледно не јаделе со денови“,

рече Меџидиев.

Истрагата за смртта на мигрантите ќе ја преземе Националната агенција за истраги.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје

Следно

Пребарувал под урнатините со багер, па зградата започнала да се урива како кула од карти – кога се кренала прашината сведоците останале подзинати (ВИДЕО)

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop