Осум лица се водат за исчезнати по уривањето на три згради во Марсеј

April 9, 2023
1 min read

Јавната обвинителка на градот Марсеј доцна попладнето одржа прес-конференција на која рече дека состојбата се уште не е стабилна, додавајќи дека осум лица од урнатата зграда не одговараат на телефонските повици

ФОТО: EPA-EFE/FRANCK PENNANT MAXPPP OUT, MANDATORY CREDIT PHOTOPQR/LA PROVENCE/FRANCK PENNANT

Пет лица се повредени, а осум се водат за исчезнати откако експлозија срамни со земја станбена зграда во јужниот француски град Марсеј. Пожарот настанат по експлозијата и понатаму ги попречува спасувачите во потрагата по лицата заробени во урнатините.

Првата зграда во пристанишниот град во јужна Франција се урна нешто по полноќ, а втората утрото. Подоцна делумно се урна и трета зграда, а речиси 200 луѓе се евакуирани од околните објекти.

Доминик Лоренс, јавен обвинител на градот Марсеј, доцна попладнето одржа прес-конференција на која, по потсетувањето на фактите поврзани со уривањето на зградите, рече дека во моментов не е можно да се знае што довело до експлозијата, додавајќи дека ситуацијата сè уште не е стабилизирана.

Таа рече дека пожарникарите се уште работат на гаснење на пожарот што избувна по експлозијата.

„Пожарникарите со кучиња трагачи се обидуваат да најдат преживеани. Осум лица кои се наоѓале во една од урнатите згради не одговараат на телефонските повици. Бараме и едно лице од друга зграда“,

рече таа.

За гаснење на пожарот биле испратени повеќе од 100 пожарникари. Пожарот гореше во поголемиот дел од денот, но вечерва, како што пренесуваат медиумите, тој е ставен под контрола.

Пожарот ја попречил потрагата по исчезнатите лица, за кои градските обвинители велат дека биле на различна возраст.

Силната топлина и прашина ги спречиле кучињата трагачи да се пробиваат низ урнатините.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој допатува во градот, за медиумите изјави дека не знае дали исчезнатите луѓе се живи или мртви.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Расте отпорот против измените на законите за коридорите 8 и 10-д, утре протест на заштитниците на културното наследство

Следно

УЖАС го вознемири светот денес: Убиено цело семејство, меѓу жртвите има и дете

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop