Остатоци од соборен кинески балон пронајдени во Атлантскиот океан, соопштија САД 

February 14, 2023
2 mins read

Пронајдените остатоци од балонот за кои САД тврдат дека биле користени за шпионирање на чувствителни воени локации се испратени на анализа во американското Федерално истражно биро (ФБИ)

Остатоци од соборен кинескиот балон кои изминатите денови беше детектиран над територијата на САД и за кој Вашингтон тврди дека бил користени за шпионирање се пронајдени и подигнати од Атлантскиот океан, соопшти американската војска, пренесува Би-би-си“.  

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан Пјер/Фото: Принтскрин

Екипите за пребарување пронајдоа „значителни остатоци од локацијата, вклучувајќи ги сите идентификувани сензори и електронски делови“, соопшти американската северна команда. 

Пронајдените остатоци за кои САД тврдат дека биле користени за шпионирање на чувствителни воени локации се испратени на анализа во американското Федерално истражно биро (ФБИ). 

Од соборувањето на првиот кинески балон на 4 февруари, американските власти соборија уште три објекти изминативе денови. 

 „Големи делови од структурата“ вчера исто така беа пронајдени во близина на брегот на Јужна Каролина, велат американските воени власти. 

Предмет од 9 до 12 метри за кој се наведува дека е дел од антената на балонот се меѓу пронајдените предмети во Атланскиот океан, наведува Си би-ес. 

Американските власти претходно соопштија дека дека балонот кој летал на голема височина потекнува од Кина и се користел за надзор, но Кина ги отфрли вкавите наводи тврдејќи дека станува збор за метеоролошки балон кој поради временски околности залутал над територијата на Северна Америка, односно во воздушниот простор на САД и Канада.. 

 Од првиот инцидент на 4 февруари, американските борбени авиони соборија уште три објекти на голема височина – над Алјаска, канадската територија Јукон и езерото Хурон на границата меѓу САД и Канада. 

Како што пренесува Би-би-си во првиот обид за соборување на објектот над езерото Хјурон , првата ракета „Сајдвиндер“ истрелана од американски воен авион Ф-22 ја промашила целта и експлодирала на непозната локација, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на воени извори. Според извештаите, вториот проектил ја погодил целта. 

Мапа од местата каде беа соборени летечките објекти, за кои американските власти тврдат дека дел се кинески шпионски балони/Извор: Би-би-си

Инаку, една ракета од типот  „Сајдвиндер“ чини над 400.000 американски долари, пишува Би-би-си. 

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби вчера изјави дека рече дека трите други објекти биле соборени „од претпазливост“. 

„Тие не претставуваа никаква директна закана за луѓето на теренот, но беа уништени „за да се заштити нашата безбедност, нашите интереси и безбедноста на летот“,

рече тој. 

Балонот соборен над Јужна Каролина според описот што го дадоа официјални претставници на американските власти бил со големина на три автобуси. 

Вториот објект, над Алјаска, официјалните лица го опишаа со големина на „мал автомобил“, додека третиот објект соборен над Јукон бил со цилиндрична форма. Четвртиот летечки објект над Мичиген се вели дека бил октагонален“ со прикачени жици. 

 Во тек се напори за собирање на остатоци летечките објекти од местата каде паднале по нивното соборување од американското воено воздухопловство.  

Канадските федерални полициски сили во понеделникот соопштија дека областа која ја пребаруваат на територијата Јукон е околу 3 000 квадратни километри од која дел е нерамен планински терен со многу големи снежни наноси.  

 Портпаролот на кралската канадска коњичка полиција Шон Мекгилис рече дека постои можност фрагментите во Јукон и езерото Хурон никогаш да не бидат пронајдени поради нивните оддалечени локации. 

Државниот секретар Антони Блинкен, како што пишува Би-би-си, планира средба со  со највисокиот кинески дипломат, Ванг Ји, подоцна оваа недела на безбедносна конференција во Минхен, Германија, рекле упатени извори.  

Поради инцидентите со балоните Блинкен ја откажа посетата на Пекинг, која првично беше планирана за минатата недела и требаше да биде прв состанок на високо ниво меѓу САД и Кина во изминатите неколку години.  

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов Зеланд прогласи вонредна состојба

Следно

Нагелсман: Меси и Мбапе се опасни само во еден случај

Latest from Blog

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата
Go toTop