Османи се сретна со Џачка и Дачиќ на маргините на Балканскиот форум во Будимпешта

March 9, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на Балканскиот форум, што се одржува во Будимпешта, Унгарија, оствари одвоени средби со своите колеги од Албанија, Олта Џачка, и од Србија, Ивица Дачиќ, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

Се вели дека на средбите се размениле мислења за повеќе прашања поврзани со билатералните политички и економски односи, соработката во рамките на регионалните иницијативи, притоа ставајќи акцент на евроинтегративниот процес на регионот на Западен Балкан и претседавањето на нашата земја со ОБСЕ.

Поздравувајќи го прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово, Османи истакна дека изнаоѓањето решение за отворените прашања ќе означи нова страница не само во односите меѓу двете земји, туку и во севкупната регионална динамика која е под влијание на променетиот геополитички контекст и очекувањата за што поскора интеграција во Европската Унија.

Во пресрет на средбите во Охрид, на 18 март, Османи нагласи дека трајното и одржливо решение ќе обезбеди мир, стабилност и напредок на регионот во целина.

Се разговараше за значењето на потпишаните договори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, како и договорите потпишани во рамките на Берлинскиот процес, од ноември минатата година.

Во тој правец, беше констатирано дека реализацијата на обврските преземени со овие договори, останува приоритет на земјите потписнички.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије ги продолжува разговорите со ОН, Украина и Русија за продолжување на договорот за жито

Следно

Градоначалникот на Кисела Вода се сретна со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop