Градоначалникот на Кисела Вода се сретна со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан

March 9, 2023
1 min read

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава Армен Григоријан, на која беа дискутирани повеќе важни теми и беа дефинирани насоките за заедничко дејствување во претстојниот период.

– Во оваа значајна година, во која ќе се потсетиме на солидарноста со која беше обновен главниот град, УНДП ќе организира конференција, на која учествуваат градоначалници од 25-те земји кои му помогнаа на Скопје во 1963. Домаќин ќе им биде токму градоначалникот Ѓорѓиевски.

Воедно, тој побара УНДП да биде патрон на Меѓународниот конкурс за Расадник, кој е прв по земјотресот, а Програмата за развој на Обединетите нации со задоволство прифати да даде стручна поддршка и со адвокатура да го рашири во останатите меѓународни канцеларии, се со цел да се добие поквалитетно решение кое ќе го дефинира идниот лик на Расадник како хумано место за живеење, информира Општина Кисела Вода.

Ѓорѓиевски соопшти дека со Григоријан имал продуктивна средба на која разговарале за теми кои се од исклучителна важност.

– Разговаравме за мое вклучување како градоначалник, но и на ЗЕЛС во поддршка на претстојната конференција која ќе ја организира УНДП по повод одбележување 60 години од разорниот земјотрес во Скопје, на која ќе присуствуваат 25 градоначалници од 25 земји кои во минатото дале поддршка за реконструкција на главниот град. Кисела Вода исто така има своја приказна. Во Драчево и Пржино се уште сведочат автентичните бараки каде што биле сместувани луѓето кои ги изгубиле своите домови, а во рамки на одбележувањето ќе бидам домаќин на градоначалниците кои ќе имаат прилика да ги посетат, изјави Ѓорѓиевски и додаде дека побарал од УНДП да станат патрон на Меѓународниот конкурс за Расадник.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи се сретна со Џачка и Дачиќ на маргините на Балканскиот форум во Будимпешта

Следно

Гир вели дека поддршката од ЕУ ќе се зголемува во тек на пристапниот процес

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop